Одборот за традиционална прослава на Бадник ќе ги претстави кумот и здравичарот


Од минатогодишната прослава на празникот (Фото: Б. Грданоски)

Здружението на граѓани Одбор за традиционална прослава на Бадник денеска ќе ги претстави кумот и здравичарот за Бадник 2026.

На настанот што ќе се одржи во салата за состаноци на Советот на Општина Центар, поканети се и кумови и здравичари од изминатите манифестации, како и долгогодишни спонзори и симпатизери на традиционалното скопско Бадникување.