Од Вардар извлечено тело на убиен маж


Од Вардар, под мост помеѓу селата Чегране и Тумчевиште, вчера е извлечено безживотно тело на маж.

Првичните сознанија упатуваат дека станува збор за насилна смрт предизвикана од истрели од огнено оружје.

Со цел утврдување на причините за смртта како и идентификација на жртвата, јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телото на починатиот, соопшти Обвинителството.​