Никој не се плаши од Тошковски, дури ни криминалците, велат од СДСМ
СДСМ денеска ги оцени како смешни изјавите на премиерот Христијан Мицкоски дека министерот бил напаѓан заради тоа што СДСМ се плаши од него.
Во реакцијата до медиумите од најголемата опозициска партија велат дека од Тошковски не само што не се плаши СДСМ, туку не се плашат ниту криминалците по улиците.
„Затоа имаме секојдневни грабежи и убиства кои Тошковски не може да ги расчисти. Затоа имаме граница со Косово која е Хотел Промаја за криминалци кои се бараат со меѓународна потерница и се шетаат преку неа со поддршка на кадри поставени од Тошковски“, велат од СДСМ.
Тие додаваат дека за шест месеци имаше 8 убиства и обиди за убиства од кои е разрешено само едно.
„За шест месеци Тошковски ја претвори државата во Див Запад, а граѓаните се плашат за својата безбедност“, се вели во ракцијата на СДСМ.