Од понеделник нема да возат приватните превозници во Скопје


Фото: Б. Грданоски

Приватните превозници од понеделник нема да возат. Трите фирми се договориле да нема протести и да не го блокираат Скопје. Во понеделник ќе возат од 5 до 10 часот наутро, а потоа ќе се вратат назад во гаражите. Ова за Сител го кажа возач кој сакаше да остане анонимен. Тој вели дека причина за ваквата одлука е тоа што имаат нередовна исплата на пари, а долгот веќе достигнал 140 милиони денари.

Директорите на приватните автобуси не комуницираат со медиумите, а телефон не крена ниту првиот човек на ЈСП, Крсте Петревски.

Граѓаните речиси 2 години се жалат од јавниот превоз оти автобусите се нередовни, а кога доаѓаат се преполни со патници.

Приватните превозници штракјуваа половина година, од декември 2022-та, до мај лани поради долг од еден и пол милион евра.