Од полноќ поевтинуваат горивата


Регулаторната комисија за енергетика одлучи за намалување на цените на горивата од вечерва на полноќ.

Цената на ЕУРОСУПЕР 95 се намалува за 1 денар, и ќе изнесува 77 денари. цената на ЕУРОСУПЕР 98+ се намалува исто за 1 денар и ќе се продава по цена од 79 денари.

ЕУРОДИЗЕЛ се намалува за 2 денари, и ќе изнесува 68,5 денари по литар.

Цената на екстра лесното масло за домаќинство исто така за намалува, за 2,5 денари и ќе се продава по 68 денари. Се намалува и цената на мазутот, кој од утре ќе се продава по цена од 42,6 денари по килограм.