Од ноември Скопје останува без директен лет до Женева


Од ноември, со почетокот на зимската сезона, Скопје останува без директна авиоврска со Женева. Авиокомпанијата „Изи џет“ го закажа својот последен лет меѓу двата града за 1 ноември.

Продажбата на билетите е запрена и, како што пишува „Екс ЈУ авиејшн“, нејасно е дали ќе ги обнови операциите кон Скопје во текот на летото 2025 година.

Во летниот период (јуни – октомври), компанијата ќе ги сведе летовите на два пати неделно, а минатото лето имаше по четири.

Авиокомпанијата е единствениот оператор меѓу Женева и Скопје од ноември 2021година. Исто така, „Изи џет“ лета од Приштина до Женева, и тоа два пати дневно, а лета и до швајцарскиот град од Белград, три пати неделно.

И двете линии се активни преку целата година. Оваа авиокомпанија има и сезонски летни летови од Женева до Дубровник, Пула, Сплит и до Тиват.