Од МВР велат дека немало траги на насилство врз ракометарот Денис Тот


Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера (07.04.2022) во 04:11 часот од Клинички центар во СВР Скопје е пријавено дека кај нив во бесознание, без видливи траги на насилство е донесен Д.Т. и веднаш му е пружена лекарска помош.

СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот и за тоа соодветно ќе ја известиме јавноста, се вели во соопштението до медиумите.

Инаку, како што претходно пренесе МИА, станува збор за за хрватскиот ракометен интернационалец Денис Тот кој игра за клубот Бутел. Повикувајќи се изјава на член на неговото семејство, медиумите наведуваат дека тој бил претепен вчера во Скопје.

Тот пристигна во Бутел од Охрид. Дел од кариерата мина во шпанскиот гигант Адемар Леон, а играше и за австриски Брук и Пореч и Бјеловар.