Од Мориконе до Симон Трпчевски- промоција на книга со музички интервјуа „Уште Музика, уште муабети“


Во клубот „Глуво Куче“ денеска ќе биде промовирана третата книга на новинарот Ненад Георгиевски „Уште Музика, уште муабети“ во издание на издавачката куќа Полица.

Промотор на настанот ќе биде Милан Дамјаноски.

Книгата се состои од 70 интервјуа кои се реализирани во период од 20 години. Таа се состои од разговори со реномирани музичари, фотографи, режисери, новинари, автори. Поделена во неколку поглавја во книгата се наоѓаат интервјуа со класични музичари како Филип Глас, Макс Рихтер, Олафур Арналдс, Мориконе, Симон Трпчевски, потоа Dead Can Dance, Анушка Шанкар, џез музичари како Гоце Стевковски, Џек Деџонет, Рон Картер, фотографи како Жига Коритник, Бил Вајман (Ролинг Стоунси) или новинари/автори како Алан Лајт, Бред Толински и Тошо Филиповски.

Книгата е широк калеидоскоп на приказни и луѓе кои заедно прават преглед на современата музичка сцена – во светот, регионот и во земјава.