„Од класика до евергрин“ – концерт на „Скопски солисти“
Ансамблот „Скопски солисти“ е формиран во 2000 година од обоистот Васил Атанасов, кој е и негов уметнички раководител. Членови се афирмирани македонски уметници, како и млади, талентирани музичари. Ансамблот презентира камерна музика – од барок до современа, почитувајќи го и македонското музичко творештво.
Од 2011 година „Скопски солисти“ имаат објавено три цедиња од нивните изведби во живо. Имаат настапувано на фестивали во земјава и во странство, а ансамблот традиционално одржуваше и Божиќен концерт.