Од денеска отворени игралиштата за одбојка и за ракомет на песок
![](https://nezavisen.mk/wp-content/uploads/2019/06/Igralista-plaza1.jpg)
Од денеска, почнуваат со работа одбојкарското и ракометното игралиште на песок на Кејот на реката Вардар (од страната на Луна паркот).
Сите заинтересирани граѓани, ученици, студенти, спортски клубови, здруженија на граѓани и сл., можат бесплатно да спортуваат и да се рекреираат на игралиштата на песок.
Горенаведените спортски терени ќе бидат отворени за спорт и рекреација, секој ден во термините од 10 до 24 часот.
Закажувањето може да се врши на следниов телефонски број: 072/808-200, во периодот од 10 до 24 часот секој ден, или на самото игралиште во горенаведениот период .
Терминот за бесплатно користење е со времетраење од 1 час.