Од 20.000 слободни места за средношколците 18.000 се за стручно – гимназиите нема да страдаат


Министерката за образование Весна Јаневска (Фото: Б. Богдановска)

Покрај тоа што во годинешниот конкурс за запишување во средно, има 20.000 места од кои 18.000 се за средно стручно, министерката за образвоание Весна Јаневска е убедена дека гиммназиите нема да се соочат со недостиг на ученици, но на овој начин, смета, ќе се задржат младите, кои ќе имаат шанса да продолжат да работат во компаниите каде оделе на пракса. 

 
– Конкурсот е веќе објавен и заинтересираните уечници веќе можат да го видат. Предвидени се околу 20.000 слободни места, околу 18.000 се за средно стручно образование. Го зголемуваме бројот на дуални паралелки, во зависност од анализата на пазарот на труд во општините и во зависност од тоа колку компании се заинтересирани, но секако тој процес се подобрува и оваа година очеклувам да биде на навистина задоволително ниво – рече Јаневска, која денеска беше во посета на Машинскиот факултет. 

Во дуалното образование се вклучени  над 550 компании, а по завршување на конкурсот Јаневска очекува да вклучат и други, кои се  заинтересирани за дуалните паралелки.

„Не очекувам да има негативен ефект, напротив очекувам целото општество да се прилагодува на потребите на државата, односно вие знаете дека имаме извоз на мозоци, а недостаток на работна сила, а тоа е проблем ко0ј мора да се решава, затоа што, доколку имаат можност како преку дуалните паралелки учениците да останат на работа во компаните, кои генерално се задоволни од процесот на образование, тие и ќе останат во земјата. Секако со завршување на средно стручно и постстручно образование тие веднаш да влезат на пазарот на труд или да го продолжат своето образование, додека гимназиското образование генерално се предвидува за оние кои веќе знаат дека ќе го продолжат своето образование, бидејќи пазарот на труд бара помалку такво општо образование одошто бара стручно образование“, додаде Јаневска.