Од 1 јули ќе важи забраната за тешки товарни возила на државните патишта
Од 1 јули до 31 август ќе важи забраната за тешки товарни возила на државните патишта во Македонија за викенди и при екстремно високи температури.
Летната забрана ќе важи за движење на тешки товарни возила над 15 тони на државните патишта за време на викендите и во периоди на екстремно високи температури.
Поточно, забраната ќе важи во петок попладне, сабота и недела, а во случај на топлотни бранови – и од понеделник до четврток во најтоплите часови од денот (11:00–17:00).
Целта на мерката е да се намали сообраќајниот метеж, особено кон туристичките дестинации, како и да се зголеми безбедноста и протокот на возила во летниот период.
Од забраната за тешки товарни возила се изземени возила што превезуваат храна, нафта, животни, хуманитарна помош и други неопходни товари.