Од 1 до 5 февруари пријавување за субвенциониран студентски оброк
Министерството за образование и наука ги информира студентите дека рокот за пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2024/2025 година трае од 1 до 5 февруари 2025 година.
Студентите кои ги исполнуваат условите, а не аплицирале досега, може да поднесат апликација електронски преку порталот: https://e-uslugi.mon.gov.mk.
Во објавата на МОН се наведени условите и критериумите за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк, а за поддршка при аплицирањето, студентите може да се обратат на мејл-адресата [email protected].
Студентите на кои им било прекинато правото на субвенциониран оброк и сметаат дека ги исполнуваат условите, може повторно да аплицираат. Овој рок е исто така отворен за студентите кои не аплицирале во претходните активни рокови.
-Поради законска регулатива за засилена автентикација при бесконтактни плаќања на ПОС терминали, студентите ќе треба да го внесат ПИН кодот за трансакциите да бидат успешни. Шпаркасе банка објави две важни известувања во врска со оваа новина и поддршка за студентите: https://www.sparkasse.mk/mk/soopshtenija/2025/01/16/Izvestuvanje-za-upotreba-na-PIN-pri-plakanja
https://www.sparkasse.mk/mk/soopshtenija/2025/01/14/Izvestuvanje-za-korisnici-na-subvencioniran-obrok
Ако го знаете или го чувате ПИН кодот, нема потреба од реактивизација, наведува МОН во објавениот повик за субвенциониран студентски оброк.