Обвинителството за организиран криминал поднесе обвинение за Рамиз Мерко за „аудито“
Обвининието е по инцијатива на Антикорупциската комисија. Максималната затворска казна за ова дело е пет години
Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднело обвинение против градоначалникот на Струга, Рамиз Mерко за злоупотреба на службената положба според член 353 став 3 од Кривичниот законик.
Обвинението е поднесено пред три дена во Кривичниот суд во Скопје. Обвинението се однесува за контроверзната набавка на „аудито“ вредно 67.000 евра со што е нанесена значителна штета на општинскиот буџет и тоа во време кога финансирањето на Општина Струга било напрегнато.
Ова денеска го соопшти шефот на тоа обвинителство, Ислам Абази, на брифинг со новинарите. Тој нагласи дека обвинението е по иницијативата на Антикорупциската комисија. Максималната затворска казна за ова дело е пет години.
Рамиз Мерко се наоѓа на црната листа на САД поради корупција. Тоа е прво обвинение за луѓе откако беа ставени на црната листа.