Обвинителството истражува како дошло до денационализацијата на „Треска“

Се прибира документација уште од пред Втората светска војна, кои објекти биле тогаш, а кои се сега


 

Не е само пожарот кој ја стави под лупа поранешната фабрика за мебел „Треска“ во Скопје. Нејзината денационализација сега ја истражува обвинителството за организиран криминал и корупција. Тоа го потврди обвинителката Вилма Русковска во изјава за ТВ 24. Според нејзините зборови се прибира докуемнтација уште од пред Втората светска војна, кога „Треска“ беше една од ретките фабрики во Скопје.

Според она што може да се заклучи од нејзините зборови под сомнение е не само начинот на денационализацијата туку, кои објекти им биле предадени назад на наследниците на сопствениците и дали се преминале некои легални граници.

„Се работи за предистражна постапка, се собира документација од пред Втора светска војна како е отворена фабриката, што било, кои објекти биле. После пред денационализација кои објекти биле и дали има нешто спорно во врска со денационализацијата. Предметот е отворен по пријава на Државното правобранителство“, рече Русковска за ТВ24. 

Во врска со големиот пожарот кој изби пред два дена во „Треска“ обвинителството ги прибира потребните документи за предистражната постапка. Јавноста се сомнева дека пожарот бил подметнат. Такви сомневања изрече и градоначалничката на Скопје, данела Арсовска. Просторт каде што е „Треска“ е еден од најпримамливите за градење во цело Скопје. Има три барања за одобрение за градба, осум барања за одобрувања на идејни проекти како и 31 предмет за земјиште од кои 25 се однесуваат за откуп на земјиште под објекти, како и 6 барања за дооформување на парцели.