О’Брајан ѝ честиташе на Силјановска

Џејмс О` Брајан, помошник на државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашање го честиташе изборот на првата жена претседател на Северна Македонија Гордана Силјановска- Давкова, во соопштение на Икс.
„Честитки до Гордана Силјановска-Давкова, досега првата избрана жена за претседател на Северна Македонија. Како сојузници, партнери и пријатели со Северна Македонија со нетрпение очекуваме да работиме на значајни реформи и заеднички цели на патот кон евроатлантската интеграција“, напиша О` Брајан.
Победата претходно ја честиташе и американската амбасадорка во Скопје Анџела Агелер.