Објавен видео запис „Воскресение во Бигорски манастир“


Во пресрет на Празникот над празниците, Воскресението Христово Велигден познатото македонско древно светилиште „Свети Јован Крстител“, објави видео запис „Воскресение во Бигорски манастир“.
Бигорски манастир е божјиот храм во Македонија каде по првпат пред 11 години беше донесен Благодатниот оган.
Пасхалната богослужба започнува со разгорувањето на кандилата и свеќите со Благодатниот оган и со трикратно кружење околу храмот. На богослужбата, како и изминатите годни и вечерва се очекува да присуствуваат повеќе од две илјади верници од сите делови на државава, како и странци.

Наратор во видео записот е Дејан Лилиќ, камермани Кристијан Теодоров и Александар Ивановски, музика, аранжман и продукција Димитар Андоновски, а монтажа Горан Костаднов. Видеото е на YouTube: Воскресение Христово-Пасха во Бигорски.