Објавен нов трејлер за „The Lord of the Rings: The Rings of Power“


САД- Амазон објави нов трејлер за „The Lord of the Rings: The Rings of Power“ преку кој добиваме мал увид во проектот.

Дејството во серијата се случува илјадници години пред она на кое сведочевме во „The Hobbit“ и „The Lord of the Rings“.

Амазон само за правата одвои 250 милиони долари, а се шпекулира дека за реализацијата досега се потрошени над милијарда долари. Од нив, над 400 милиони за првата сезона.