Објавен јавен повик за кредитокорисниците на ,,Ковид 3” за дополнителен грејс период од 12 месеци


Развојна банка соопшти дека објави јавен повик со кој им се нуди можност на кредитокорисниците на кредити од третата бескаматна кредитна линија „Ковид 3“, да поднесат барање за продолжување на грејс-периодот и рокот на отплата на кредитите за 12 (дванаесет) месеци.

Согласно јавниот повик, компаниите имаат рок од 10 дена да поднесат електронско барање до банката, кое може да се преземе од веб – страницата на банката. Јавниот повик и барањето за дополнителен грејс период како и упатството за поднесување на барањето се достапни на следниот линк.

Повикот важи заклучно со 11.12.2021 година, кога е и последниот ден за поднесување на барањата.