Нуредини порача: Кој загадува, треба да плати
Најавеното зголемување на цената на пластичните кеси кои се во оптек во малопродажбата, според министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, треба да придонесе во намалување на нивното користење од њедна страна и дополнително, оној кој ќе ги користи за тоа „скапо“ ќе плати.
– Фондот за пластичните кеси што ќе се собере, тие пари ќе одат за подобрување на состојбата со животната средина. Тој што загадува, тој треба и да плати. Со ова ќе креираме систем во кој самите граѓани ќе го селектираат отпадот. Не останува само на совеста, туку ќе структурираме систем – рече Нуредини одговарајќи на новинарско прашање, зошто само цената на кесите се зголемува, а не се направи поагресивна кампања за подигнување на свеста на граѓаните за штетното влијание на пластиката врз животната средина.
Инаку, според новиот Закон за управување со отпадот, покрај другите промени, се предвидува од 1 декември 2021 година пластичните кеси кои граѓаните ги купуваат по продавници да чинат 15 денари, со што треба да се дестимулира купувањето на ваквите производи што ја загадуваат околината.
Во многу земји со закон е ограничена употребата на пластичните кеси.
Нуредини појасни дека обврската за третирањето на отпадот останува на општините, како што предвидува Законот за децентрализација, но „ние како влада треба да ги поддржиме со инфраструктура да можат да го спроведат“.
Во однос на тоа што никако да се почне со реализација на регионалните депонии, кои подолго време се најавуваат, Нуредини рече дека обврската беше на локалната самоуправа, но Владата е решена и развивма стратегија за целата држава.
Во однос на регионалните депонии, министерот кажа дека како Влада се решени и развиваат стратегија за целата држава, поточно за Северниот регион.
– Ние сме во тек на формирање од Буџетот на нашата држава, таму ќе почне во наредните месеци тендерот за изградба на централна депонија близу Свети Николе со шест пункта, камионите се однесени кај општините, како и контејнерите. За Скопје, како што знаете „Дрисла“ треба да се рехабилитира. Во програмата е предвидено да се рехабилитира депонијата „Дрисла“. Што се однесува до Полошкиот регион, Русино е во тек на рехабилитација. Досега се направи отпадните води да не излегуваат надвор од депониите и да се изгради патот и да се мери колку отпади влегуваат таму. Исто така ќе создадеме два други региони, еден заедно со Пелагонија, а Вардарскиот регион ќе има одредена депонија и истото ќе се инвестира во трафостаници. Исто така ќе купиме камиони и контејнери. Во процедура сме со банката ЕБРД, поднесовме барање за 55 милиони евра за да се финансира ова. Значи, ќе почнеме со Полог и со другите четири региони на југ. Во Полог е веќе подготвено бидејќи програмата беше покриена од швајцарската Влада. И со затворање на илегалните депонии и изградбата на централната депонија блиску Свети Николе – заклучи Нуредини.(Б.Б.)