Ново откритие за аутофагија! Ако јадете 8 и постите 16 часа ја зголемувате шансата за кардиоваскуларни болести


Новата научна студија покажа дека наизменичното постење, популарно познато како автофагија, може да ја зголеми шансата за кардиоваскуларни болести.

Ако јадете 8 часа и постите преостанатите 16, земете ја предвид новата научна студија која ги доведе во прашање здравствените придобивки од овој режим на исхрана. Инаку, таа е позната како високо пофалена, а ја поддржаа бројни познати личности и експерти. Прелиминарното истражување на Американското здружение за срце покажа дека ограничувањето на оброците на само осум часа дневно е поврзано со 91 отсто зголемен ризик од кардиоваскуларни болести.

Експертите предводени од д-р Виктор Жонг од Медицинскиот факултет на Универзитетот Џиао Тонг во Шангај анализирале околу 20.000 возрасни лица во САД со просечна возраст од 49 години кои наизменично постеле. Според студијата презентирана на конференција во Чикаго, оние кои се ограничиле на јадење само осум часа дневно имале 91 отсто поголем ризик да умрат од кардиоваскуларни болести во споредба со оние кои јаделе помеѓу 12 и 16 часот.

Меѓу учесниците во студијата, оние со постоечки кардиоваскуларни болести кои јаделе осум до десет часа дневно имале 66 отсто поголем ризик од смрт од проблеми со срцето или мозочен удар. Истражувачите исто така откриле дека временски ограниченото јадење не го намалува севкупниот ризик од смрт од која било причина.

„Ограничувањето на времето што го јадете секој ден, како на пример осум часа на ден, доби огромна популарност во последниве години како начин за слабеење и подобрување на здравјето на срцето. Сепак, долгорочните ефекти од наизменичниот пост, вклучувајќи го и ризикот за прерана смрт од кардиоваскуларни болести, се непознати“, рече Жонг. Уште повеќе, авторите на студијата биле изненадени кога откриле дека луѓето кои ја следат диетата 16:8 всушност имале поголеми шанси за кардиоваскуларни болести.

„Иако овој тип на диета е популарен поради потенцијалните краткорочни здравствени придобивки, нашето истражување јасно покажува дека во споредба со вообичаениот режим на исхрана од 12 до 16 часа на ден, пократките периоди на исхрана на никаков начин не се поврзани со подолг и поздрав живот. “, истакна Жонг. „Охрабруваме повнимателен пристап кон препораките за исхрана, кои гарантираат дека тие се во согласност со здравствениот статус на поединецот и најновите научни докази“, рече Жонг.

Сепак, тој додава дека се потребни повеќе истражувања за оваа практика и дека нивната студија има одредени ограничувања. Многу експерти, исто така, ја изразија својата резерва за новото истражување, бидејќи се заснова на прашалници за да се добие увид во вообичаената исхрана на учесниците. Едногодишната студија ги анализираше учесниците во Националните истражувања за испитување на здравјето и исхраната од 2003 до 2018 година и ги спореди податоците со Националниот индекс на смртност на Центрите за контрола и превенција на болести, база на податоци за луѓе кои починале во САД од 2003 до 2019 година.