Ново откритие на археолозите: Се рушат сите теории за бронзеното доба во Магреб


Повеќето населби од бронзеното време се откриени во Европа, и покрај неговата географска близина, африканскиот регион Магреб отсуствувал од овие историски наративи.

Се сметало за „празна земја“ до доаѓањето на Феникијците околу 800 година п.н.е. Но, истражувањето предводено од Хамза Бенатиа Мелгарехо од Универзитетот во Барселона ја откри првата населба од бронзеното време во оваа географска област.

Населбата, која се наоѓа на околу 10 километри од денешниот брег и во близина на Гибралтар, е постара од феникиските населби и има големо значење и за Африка и за Медитеранот, објави Универзитетот во Барселона.

Според резултатите објавени во списанието Antiquity, ископувањата во Кас Куш, во северозападниот дел на Мароко, откриле траги од човечки живот од 2200 до 600 година п.н.е.

Тоа би значело дека тоа е најстарата населба во Медитеранската Африка, со исклучок на Египет.

Со ископувањата се откриени неколку фази на населување. Првата траела од 2200 до 2000 година п.н.е. Втората фаза траела од 1300 до 900 година п.н.е., кога населбата била многу жива, а жителите имале развиено земјоделство.

Зградите биле од дрво и тули, имале камени воденици, одгледувале јачмен и пченица, чувале овци, кози и говеда.

Третата фаза траела од 800 до 600 п.н.е., кога покажале флексибилност и приспособливост. Потоа пристигнаа иновации од исток, како што се керамичкото тркало, железните алатки и новата традиција на користење камен.

„Каш Куш е еден од првите добро документирани примери на населување во Магреб и претставува многу поинаква слика од вообичаената: ни покажува дека локалните заедници не биле изолирани во историјата. Ископувањата на ова место се уште еден чекор кон исправување на историската неправда и откривање дека Магреб бил учесник во социјалната, културната и економската мрежа на Медитеранот“, рече.