„Новите книги на Русија” – изложба на руска литература
Ќе бидат претставени повеќе од две илјади книги објавени во последните години од водечки руски издавачки куќи, како: „Наука”, „Источна литература”, „Академија”, „Питер”, „Академски проект”, „Росспен”, „Практика”, „Бином”, „Алпина паблишер“, „Омега-Л”, Издателство МГУ, „Флинта“, „ОГИ”, „Јурајт“…
Изложената литература е од различни области – стручни книги, изданија за изучување на рускиот јазиик и литература, наслови од класиците на руската книжевност, но и од современи руски автори, како и книги за деца од претшколска и училишна возраст.
Изложбата ја организираат Претставништвото на Руската академија на науките за земјите на Источна Европа и Рускиот центар при УКИМ, а ќе ја отвори рускиот амбасадор во земјава, Сергеј Александрович Баздникин.