Новиот директор на РЕК „Битола“ е дел од бизнис шемата на Мицкоски, тврди СДСМ
Назначувањето на пензионерот Иван Куковски за директор на РЕК „Битола“ е уште една алка од бизнис шемата на премиерот Христијан Мицкоски во енергетиката, тврди опозициската СДСМ.
Во соопштението на партијата се вели:
„Пензионерот Иван Куковски, близок до таткото на Мицкоски, прво беше назначен за претседател на надзорниот одбор на АД ЕСМ. Потоа си дава оставка поради идни професионални ангажмани и е ангажиран како советник на министерката за енергетика Сања Божиновска.
Потоа е назначен за координатор на РЕК ‘Битола’, и еве сега директор на комбинатот.
Што се случува во РЕК откако Мицкоски е на власт?
Над 200 милиони евра направени загуби за 2024 и 2025 година, само за три квартали во 2025 година официјалната загуба е 90 милиони евра.
Потфрлањето во производството е рекордно од планирани 5000 GWh за 2026 година, произведени се само 3000 GWh, ова официјално е најлошото производство во историјата на Македонија.
Дали ова е намерно за да се увезува повеќе струја и некој да прави бизнис со тоа и со провизиите од увозот?
Омилен бизнис на Мицкоски е во енергетиката и бизнисот со струја. Затоа веќе една година, нема директор за правни работи во ЕСМ“.