Новинарка го ризикуваше животот пишувајќи за короната, сега може нема да го преживее затворот

Во првите денови од пандемијата со корона вирус, кога кинеската влада се обидуваше да го сузбие ширењето на корона вирусот, не се толерираше претерано известувањето за ситуацијата со заразите во земјата.
„00:40 е наутро, се слуша свукот на крематориумот. Работат дење – ноќе“, рече Жанг Жан, на видео-снимка од февруари 2020 година, на една од десетиците објави на Јутуб.
Во мај, за Ен-би-си Њус коментираше дека „за сега сѐ е во ред“ и дека не ја уапсиле.
“не ме уапсија. Но, не знам што ќе се случи ако продолжам“, вели Жан.
Тој месец таа исчезна. Нејзиниот адвокат подоцна за истата телевизија потврди дека во декември во Шангај таа е осудена на четири години затвор заради “предизвикување проблеми“.
Можеби нема да ја преживее зимата
таа е една од најмалку 10 новинари и коментатори кои во почетните денови на пандемијата се обидоа да извршат притисок на кинеските власти барајќи да бидат потранспарентни, а кои подоцна беа приведени. Иако многу други оттогаш беа пуштени, таа е уште во затвор, а нејзиното семејство и пријателите стравуваат дека може да умре од штрајкот со глад.
„Таа се залага за вистината, се залага за правда. И таа претставува надобројот од Кина“, вели активистката Џејн Ванг, со седиште во Обединетото кралство, која води кампања за ослободување на новинарката.
Братот на Жан, Жанг Ју, во октомври напиша на Твитер дека неговата сестра сега има помлку од 41 килограм.
„Можеби нема да ја преживее зимата што доаѓа“, вели тој.
Поранешна авокатка
Кинеската амбасада во британија наведува дека земјата пази на здравјето на затворениците и дека нивно право е да добијат лекарска помош.
Жанг (38) е една од најламку 127 професионални и новинари – граѓани, кои ги притворија кинеските власти. Обединетите народи повикаа на нејзино итно и безусловно пуштање на слобода. Минатито месец Репоретри без граници ѝ доделија награда за храброст.
Жанг, поранешна адвокатка, била позната на кинеските власти и пред своето известување за пандемијата. Во септември 2019 година учествувала во продемократските демонстрации и повикувала на укинување на монополот на Комунистичката партија. Властите ја протвориле, а во затвор поминала повеќе од два месеца. И тогаш штрајкувала со глад.