Нови мерки за невакцинираните во Словачка и во Чешка
Лицата кои не се вакцинирани, а немаат деказ дека неодамна прележале Ковид-19, од денеска не можат да влезат во угостителски објекти и јавни служби во Чешка и во Словачка.
Одлуката е донесена откако во овие две земји е забележан пораст на бројот заразени и хоспитализирани.
Двете земји ги усвоија мерките минатата недела, а соседна Австрија во понеделникот воведе заклучување за сите жители.
Чешката влада ги прати војниците на помош во болниците, во кои има 700 болни на интензивните оддели. Подоцна денеска владата ќе расправа за можно воведување вонредна состојба со што би им се овозможило на студентите по медицина да помагаат во болниците.
Според одлуката на чеките власти само лицата кои се вакцинирани или имаат доказ дека се прележани во последните шест месеци, може да ги посетат рестораните, јавните установи, хотелите или спортски настани.
Лекарската комора се залага за целосно заклучување.
Сепак, вечерва се очекува протест против новите мерки пред Прашкиот дворец.
Владите со овие рестрикции сакаат да ја зголемат вакцинацијата.
Околу 60 отсто од Чесите имаат примено барем една доза вакцина, а 46,8 отсто од Словаците се вакцинирани против Ковид-19.