Новата ракометна сезона ќе ја отворат Еурофарм Пелистер и Вардар во Супер купот


Домашните ракометни натпреварувања стартуваат и оваа сезона со „пресметката“ на шампионот и победникот во купот во рамки на Супер купот. Тоа ќе биде уште една пресметка на големите ривали Еурофарм Пелистер и Вардар.

Натпреварот ќе се игра на 3 септември, а останува дополнително да биде одредено место каде ќе се игра натпреварот. 

На седумте досега одиграни натпревари во рамки на Супер купот Вардар има четири пехари, Еурофарм Пелистер два и еден Алкалоид.  Последното издание се играше во Гевгелија, а Алкалоид славеше победа над Еурофарм Пелистер.