Новаковски: Изборниот процес да продолжи од кај што застана


Екс претседателот на Државната изборна комисија, и поранешен генерален секретар на Собранието, Александар Новакоски смета дека изборниот процес треба да продолжи онаму каде што застана, а по договор на политичките лидери, во согласност со проценките на здравствените власти, да биде закажан термин за изборно соочување. Во интервју за Прес24, Новакоски вели дека ставот на актуелниот Претседател на ДИК за започнување на изборите одново не е заснован на ниту еден позитивен закон, ниту Устав , а ниту произлегува од Уредбите кои се донесени во време на вонредна состојба.

Самото тоа што и Вие ги посочувате членовите на ДИК како номинирани од политички партии, а и Претседателот на ДИК е номиниран од политичка партија, разногласието во ДИКќе кулминира, ќе бидат ставовите во јавноста прифаќани и толкувани како ставови на политичките партии кои ги номинирале и сето тоа ќе замре кога лидерите ќе договорат,ако договорат датум и со тоа ќе стане јасно чии ставови застапувале.Сметам дека Претседателот на ДИК не требаше да излезе со став пред да свика седница на ДИК,таму да се разгледа ова прашање, во присуство на јавноста,транспарентно, тогаш се ќе беше поинаку, вели Новакоски за Прес24.

Според него и во случај Перетседателот на ДИК да поднесе оставка, тоа нема  да биде пречка за изборниот процес да продолжи, така што таква опција во случај на несогласување во ДИК нема да го врати изборниот процес од почеток.

Изборниот законик ја предвидел оваа можност, со измените од 2011 година и ако тоа го стори комисијата има законска можност да продолжи бидејќи Потпретседателот ќе продолжи со работа, со полни овластувања и може и да свикува седници.Нема кој да е констатира оставката,нема кому да ја поднесе  и тој ќе мора да ја извршува функцијата.Се работи за човек со професионално и политичко искуство и секако ги знае овие работи, вели поранешниот прв човек на ДИК.

Тој потенцира дека практично е невозможно изборите да почнат од почеток.

Ние имаме распуштен парламент.Јас апелирав и бев на став дека мандатот на пратениците не е истечен и дека трае до изборот на нови пратеници.Но сега имаме ситуација во која Вонредната состојба е прогласи Претседателот на државата, истиот ја продолжи,а Собранието  не се свика да истата ја донесе.Што значи сега дека Претседателот ги пренел овластувањата на Владата која во услови на Вонредна состојба носи Уредби со законска сила.Законодавната надлежност сега е во Владата.Таа сосема легитимно и легално носи Уредби кои се во полна сила и според мене, во ваква ситуација таа ги носи одлуките и за изборите и за нивното продолжување,а ДИК само може да ги спроведе, вели во интервјуто Новакоски.

Според негово толкување и Уредбите на Владата со законска сила имаат важност се до состав на новиот парламенти, кога пратениците ќе треба да ги разгледуваат, освен оние Уредби кои се однесуваат на ограничување на човековите права.

Правниот поредок не се создава исклучиво преку законодавната власт.Неможноста да се свика Парламентоте фактичко прашање,ако тој не сака да се состане тогаш Владата има полно право да носи вакви уредби и нивната важност при овие услови ги прави Уредбите да може да се во сила и по вонредната состојба,освен уредбите со кои се ограничуваат човековите права.Сите кои се во интерес на државните функции и функционирањето на државата според мене може да имаат правно дејство се додека Собранието не ги разгледа.Уредбите со законска сила не се извршни уредби и тие и во поглед и на содржината се карактеризираат со поголема самостојност во однос на Законите, вели Александар Новакоски, поранешен шеф на ДИК и екс генерален секратер на Собранието во интервју за Прес24.