Нова кавга во владеечката коалиција: Таравари ќе го тужи Богојески за ширење омраза
Според Мицкоски владината коалиција функционира беспрекорно и амбиентот внатре е конструктивен
Откако ЗНАМ излезе со оценки контра Вреди, а потоа Вреди возврати со критики за ЗНАМ, стигна и нова кавга во рамките на коалиционата влада на премиерот Христијан Мицкоски. Министерот за здравство и лидер од Алијансата за Албанците , Арбен Таравари, најави тужба против лидерот на Македонски концепт Петар Богојески за ширење на омраза.Пријавата е најверојатно поради статусот во кој Албанците ги нарече „шиптари“.
„Правниот застапник на Алијансата за Албанците утре (23 август) ќе поднесе кривична пријава против Петар Богојески за сторено кривично дело: „предизвикување омраза, поделби или нетрпеливост по национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа“. Тужбата ќе биде доставена до јавното обвинителството во 12 часот во Скопје“, стои во најавата на Таравари.
Во меѓувреме Богојески го сменил терминот „шиптари“ во Албанци, откако премиерот Мицкоски изјави дека ваквите статуси се недолични.
реакцијата дојде по јавната опомена од Алијансата на Албанците на Зијадин Села која порача дека омразата кон Албанците од страна на моноетничката коалиција не можела подиректно и појасно да се изрази од овој ФБ статус.
Што се однесува до албанските вазали во Владата, не очекуваме да ги штитат Албанците, но барем нека си застанат во своја одбрана и нека реагираат на навредите што се посветени, вклучително и кон нив во овој текст, каде што самите нив ги нарекува „неиживеана стока““, пишуваат од оваа партија.
Според премиерот Христијан Мицкоски, вадината коалиција функционира беспрекорно и амбиентот внатре е конструктивен. Логично е, смета тој, да има различни ставови по некои прашања, но важно е секогаш да се наоѓа решение.
Важно е, вели Мицкоски, да се напомене дека оваа Влада има поддршка од повеќе од две третини од пратениците во Парламентот и тоа, според него, е важно затоа што граѓаните очекуваат резултати.
– Инаку, опозицијата ќе се обидува да создава таков тип на пораки во јавноста, но состојбата е многу конструктивна и без исклучок сите кои се дел од владината коалиција на дневна основа се трудат да направат нешто добро за државата и граѓаните, што е многу важно, рече Мицкоски по денешното поставување на камен темелник на спортска сала.