Нова карта: Лондон тврди дека руските трупи целосно ја напуштиле северна Украина


Руските трупи „целосно се повлекоа” од северна Украина, упатувајќи се северно кон Белорусија и Русија, тврди Министерството за одбрана на Велика Британија.

На редовниот утрински брифинг од британското МО е посочено дека некои од тие единици ќе бидат префрлени во источна Украина за да се борат во Донбас. Но, голем дел од капацитетите ќе треба да бидат „значително надополнети“ пред да бидат повторно распоредени на терен.

„Секое масовно прераспоредување од север веројатно ќе потрае најмалку една недела,” соопшти Министерството за одбрана, пренесува Би-Би-Си.

Притоа уште е посочено дека е продолжило руското гранатирање на градовите на истокот и југот на Украина, како и дека има напредок на руските трупи во јужниот дел на земјата од стратешки важниот град Изум. 

Според Британците, борби на северот се водат уште на крајниот североисток, источно од градот Конотоп,  на подрачјето ан градот Суми и северно од него. Сѐ останато, сметаат Британците, ослободија украинските сили и практично дојдоа до границата со Белорусија.

Картата од понеделникот:

Картата од неделата: