Нов удар за Борис Џонсон – фотографија од дружба во мај 2020

Британскиот премиер е под голем притисок за нарушувањето на здравствените протоколи. Новата фотографија удира врз него лично


Фотографијата која ја прикажува лежерната атмосфера во градината на Даунин стрит 10 со вино, алкохол, пица...

 

Новообјавената фотографија може дополнително да ја влоши позицијата на поткопаниот британски премиер. На снимката, која британски „Гардијан“ ја објави во понеделникот, Борис Џонсон се гледа на маса во градината на Даунинг стрит со неговата сегашна сопруга Кери и двајца вработени. Во позадина има други луѓе кои стојат заедно во мали групи, има вкупно околу 20. Се вели дека е направена во мај 2020 година кога во Англија имало строги ограничувања за контакт.

Џонсон со недели е под притисок поради неколку извештаи за такви забранети средби на неговите сопартијци меѓу ториевците. Активирањето беше објавата за божикна забава во официјалната резиденција на Џонсон во декември минатата година. Тој првично ги негираше обвинувањата, но мораше да се повлече откако се појави видео од забавата.

Фотографијата беше споделена со „Гардијан“ по негирањето на Даунинг стит 10 минатата недела дека имало социјален настан во петокот на 15 мај 2020 година, вклучувајќи вино, алкохолни пијалоци и пица внатре и надвор од зградата. Портпаролот на Џонсон рече дека персоналот на Даунинг стрит работел во градината попладне и навечер.

Скандалот го погоди Џонсон и неговата администрација во најлош можен момент. Омикронската варијанта на корона вирусот предизвикува вртоглаво зголемување на бројот на инфекции и смртни случаи во Велика Британија. Премиерот беше принуден, спротивно на неговите претходни уверувања, уште еднаш да воведе построги мерки како што се задолжителни маски и задолжителни вакцини за одредени професионални групи.

За да го постигне ова, на Џонсон му беа потребни гласовите на опозицијата во парламентот. Против него се бунтува слободарско-конзервативното крило на сопствената партија. Според Би-Би-Си, 99 пратеници од ториевците гласале против пакетот мерки на премиерот. Министерот за „Брегзит“ Дејвид Фрост поднесе оставка во неделата, веројатно поради различните погрешни чекори на Џонсон и неговата корона политика.