„Носиме уметност“ – омажот за Пикасо и кубизмот продолжува со нова модна изложба во Скопје


Францускиот институт во Скопје, со поддршка на Амбасадата на Шпанија, има чест да ве покани на модната изложба „носиме УМЕТНОСТ/llevamos ARTE/nous portons l’ART“, составена од креации на студентите на Катедрата за дизајн на текстил при Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје, а под креативно водство на професорката и модна дизајнерка Лидија Георгиева.

Изложбата ќе биде отворена в петок, 26 јануари 2024, во 18 часот, во Францускиот институт во Скопје (ул. „Св. Кирил и Методиј”, бр. 48) од страна на претставници од Амбасадата на Франција и на Шпанија.

Оддавајќи им омаж на Пикасо и на кубизмот, Амбасадата на Шпанија го поддржа проектот на Лидија Георгиева, која, со студентите на Институтот за дизајн и инженеринг на облека, веќе организираше модна ревија во Музејот на град Скопје. Преку избор на дел од овие модни креации, продолжуваме со омаж на еден најголемите сликари на дваесеттиот век со изложба во излогот на Францускиот институт во Скопје, чие отворање е прв културен настан во Францускиот институт за 2024 година.