Њујорк ја виде премиерата на „Приказната за Силјан“ на Тамара Котевска

Филмотна авторката на „Медена земја“ продолжува да се прикажува во кината во САД. Наскоро ќе има и македонска премиера


Т

Пред преполната сала во IFC (International Film Centre) во Њујорк синоќа се прикажа документарниот филм “Приказната за Силјан” на Тамара Котевска ( корежисерката на „Медена земја“ што доби историски две номинации за Оскар во 2020, за најдобар странски филм и за најдобар документарец,  и со награди на фестивалот „Санденс“) кој доловува една уникатна приказна за симбиозата помеѓу македонскиот земјоделец Никола и повредениот штрк Силјан за кој тој почнувада се грижи. Филмот зад кој стои меѓународен тим, отвара прашања поврзани со животната средина, која директно влијае врз самата егзистенција и начинот накој ќе продолжат да опстојуваат јатата штркови, исплатливоста на индивидуалното земјоделство, семејствата коишто се соочуваат со синдромот „празно гнездо“, упорноста на еден човек и неговите истрајни избори токму кога животот носи предизвици.

Дејствието во документарниот филм се одвива во с. Чешиново, македонско село познато како село со најмногу гнезда на штркови кои доаѓаат секоја година. Глобалниот проблем околу загрозеноста на јатата штркови која е последица од промените во природните средини, нарушени поради урбанизацијата, но и поради фактот што модерното земјоделствовклучува користење на пестициди со што се исцрпува природниот плен од кој се хранат штрковите, па тие сè повеќе ја бараат својата храна помеѓу депониите се огледува и во филмот.

Во филмот е силно присутна и македонската митолошка приказна за Силјан која како да е дел од животот на главниот протагонист во филмот, Никола. Митолошката приказна за Силјан во филмот на Котевска станува “Приказна за Никола и Силјан” и носи утеха во суровиот материјален свет. Оваа утеха кај гледачите после проекцијата на филмот прераснува во една поинаква грутка која можеби ќе ги натера да направат поинакви животни избори или ќе ги мотивира да истраат во сопствените убедувања.

После проекцијата, режисерката Тамара Котевска и кинематограферот Жан Дакар имаа свои обраќања за тоа како може да се претопи филмската екипа со човекот, но и со птицата и одговараа на прашања на публиката која како да сакаше повеќе да се заблагодари за ова филмско патување отколку да прашува.

Филмските критичари веќе ги кажаа своите суперлативи за поетиката на Тамара да долови сложена реална приказна во документарен филм, а еден од нив, Daniel Howat oд Next Best Picture, сублимираше: „Спојувајќи мит и реализам со извонредна чувствителност, Котевска создава дело со ретка поетска моќ, филм што набљудува, слуша и на крајот ја осветлува тивката, тврдоглава убавина на самиот живот.“

Филмот продолжува да се прикажува во кината во САД. Наскоро ќе има и македонска премиера. 

Тамара Котевска со Керолин Бернстин – извршна потпретседателка во National Geographic (за глобална играна продукција и документарни филмови)

 „Приказната за Силјан“ е откупен од National Geographic Documentary Films, еден од најреномираните светски дистрибутери на документарни остварувања. Филмот годинава ја доби „Наградата на Музата“ за најинспиративен филм на Биеналето во Венеција, предизвика овации на преполните проекции во Торонто, а стана и македонски кандидат за наградата „Оскар“ за најдобар интернационален филм.

Агенцијата за филм на Северна Македонија со 100.000 евра ќе ја поддржи кампањата за Оскар на документарниот филм бидејќи смета дека од исклучителен национален интерес.

„Кампањата за Оскар ја поддржува „Нешенл џеографик“ (National Geographic). Целиот буџет е околу 700.000 евра, Македонија учествува со 100.000 евра што е фантастична сума во споредба со тоа каков буџет нудат регионалните фондови  кои немаат ни филм што има реални шанси за Оскар, рече претходно, на прес-конференција, в.д. директорот на Агенцијата за филм, Сашко Мицевски.