Ниту има дозвола ниту забрана за македонскиот клуб, вели градоначалникот на Благоевград


Градоначалникот на Благовград Илко Стојанов

 

Ова е сосем приватна работа и нема никаква врска со општината, изјави градобначалникот на Благоевград околу отворањето на македонскиот клуб „Никола Вапцаров“.

Во изјава за бугарскиот весник „24 часа“ Илко Стојанов вели: „Ниту издадов дозвола, ниту забрана за отворање приватен македонски културен клуб. Ако некој шпекулира со моето име и институцијата на градоначалникот, тоа е лага. Овој настан нема никаква врска со општината и ние немаме врска со тоа. Група луѓе изнајмиле простории од приватно лице и решиле да направат клуб. Општината нема да го официјализира овој приватен настан. Добив покана за отворањето, но нема да одам“.

На отворењето на клубот ќе оди делегација на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Христијан Мицкоски, а таму ќе бидат и претставници на Левица. Премиерот Димитар Ковачевски нема да оди на настанот. Организаторите изјавија дека испратиле покани до бугарскиот и македонскиот премиер.