Николоски: Нема соработка со ДУИ поради огромниот криминал и корупција
„Ние велиме дека ова е последна шанса, затоа што навистина сме собрани една екипа на луѓе кои влегуваат со доста енергија во оваа работа и сакаме да оставиме нешто позади себе. Не влегуваме во оваа работа само да протуркаме 4 години, па што биде-биде, мислам дека тоа го чувствуваат нашите соработници и дека ќе се направи една добра екипа која ќе може да испорача.
На крај Николоски порача дека ВМРО-ДПМНЕ не сака да соработува со ДУИ поради огромниот криминал и корупција кои го прават.
„Резултати ќе има особено во борба со организиран криминал и корупција, тоа ни е број 1, ние и во партијата покажавме дека сакаме да менува и сменивме. И овој судир кој што го имаме со ДУИ, е на таа линија, ако видиме зошто ние не сакаме да соработуваме со ДУИ, тоа е токму заради таа причина.