Николоски најави можен влез на трет мобилен оператор во земјава


Министерот за транспорт и врски Александар Николоски најави влез на трет мобилен оператор во земјава. Тој на својот фејсбук профил денеска напиша дека во Министерството се разгледува можноста за доделување лиценца за нов мобилен оператор за да се намалат цените на услугите.

„Нашата анализа кажува дека цените за мобилната услуга, како и за кабелската телевизија и интернет услугите се поскапи од најголем дел европски земји. На пазарот постои класичен дуопол. Затоа мора да бараме мерки да поевтинат услугите, а граѓаните да имаат подобри и поевтини услуги“, вели Николоски.

 

Како што напиша, тој во следниот период ќе има средби со големи имиња од светот на телекомуникациите, со цел нивни влез во земјава.

Во моментов, во државата има два мобилни оператора, „Телеком“ и „А1“.