Христијан Мицкоски ќе биде шеф на изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ
„Споените избори беа и наше барање затоа што тоа е логичен слет на работите особено што на тој начин се намалуваат и трошоците за одржувањето на истите, исто така се скратува времето во кое што економијата ќе е замрзната, и граѓаните ќе можат во еден изборен циклус да одлучат и за избор на влада и премиер и за претседател.
Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за формирање на Републички изборен штаб кој ќе го предводи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, а негова заменик ќе биде генералниот секретар Ѓорѓија Сајкоски“, соопшти Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ.
Воедно, појасни тој, почнале и подготовките за избор на кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претседател, при што изборот ќе се одржи на изборна конвенција која ќе се случи на 2 март 2024 година во Скопје.