Николоски и Пандов разговарале за изградба на нови простории во КПД Идризово


Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска оствари средба со Александар Пандов, директор на Управата за извршување на санкции.
На средбата се разговараше за отпочнување на постапката за изградба на нови простории во КПД Идризово, соопштија од Министерството за транспорт.

Проектот предвидува изградба на нов објект затворско одделение за мажи, ново притворско одделение и нови објекти за кујна и перална.

Изградбата на новите објекти е во висина од 25 милиони евра средства обезбедени со поддршка на Банката за развој при Советот на Европа, се вели во соопштението до медиумите.