Николоски го навредуваше Борисов, Мицкоски му честита


Премиерот Христијан Мицкоски очекува влада што би ја предводел евентуално Бојко Борисов  да  ја откочи интеграцијата на Македонија во Европската Унија, иако пред само еден месец лидерот на ГЕРБ бараше оставка од министерот за транспорт Александар Николоски по  дипломатскиот скандал со неистакнување на македонското знаме. Според она што може да се види од бугарските медиуми Мицкоски е меѓу првите што на Борисов му ја честиташе победата на изборите, а по него тоа го стои унгарскиот премиер Виктор Орбан, додека другите европски лидери чекаат да го видат исходот, бидејќи не е прбпат ГЕРБ да победи и да не формира влада, а Борисов ретко кој сака да го види назад во влада во Софија.

На прашањето на Рацин.мк, дали  Мицкоски и Борисов во телефонскиот раговор вчера разговарале за оставката на министерот за транспорт и врски Александар Николоски која лидерот на ГЕРБ ја побара минатиот месец, велат дека не разговарале, а шефот на кабинет на Борисов,  Никола Николов рекол  дека „засега не коментираат на оваа тема“.

Борисов минатиот месец испрати и известување на европските партнери за јазикот на навреди кој се користи во Македонија кон Бугарија, по изјавата на Николоски во која тој ги нарече бугарските домаќини на македонската претседателка, Гордана Силјановска Давкова за време на нејзината посета на Бугарија, „непристојни и мизерни“ поради тоа што како не го поставиле македонското знаме на нејзината средбата со бугарскиот претсетадел Румен.

-Ниту е домаќинот цивилизран, ниту е пристоен, ниту има било каква почит, затоа е работа таква каква што е. Е сега, помизерни од нив се само нашиве домашните слуги, изјави Николовски .

Борисов искажувајќи разбирање дека можеби протоколите на новите македонски претставници не им се јасни, немаше разбирање за изјавата на Николовски.

-За јазикот што го користат има само едно извинување – оставка на овој министер. И, ако не го направат тоа, ниту претседател, ниту премиерот, ниту министри, ниту партиите не треба да се среќаваат и разговараат со нив. А, ние ќе направиме се што е неопходно до Европската народна партија да знаат што зборувале и за што е нашето категорично решени по ова прашање, изјави Борисов.

На бугарските реакции, реагираше лично од Николоски кој преку соопштение лиферувано од ВМРО-ДПМНЕ, реакциите од Софија ги нарече хистерија создадена од дел од неуспешните бугарски политичари, непотребно внесување на Македонија во предизборната кампања во Бугарија, без желба за добрососедство.

Николоски во ракцијата директно му се обраќа на Бојко Борисов како обвинет за криминал и недостоен да бара негова оставка, но и кон други бугарски политичари, вклучително и Радев, кои што не можат ништо да направат за сопствената држава, освен да внесуваат гнев и омраза меѓу двата народи.

-И таков е овој кој што го споменав со прачките злато, таков еден друг кој што важи за голем олигарх во Бугарија и такви се една редица други политичари кои што се корумпирани, а таков е и оној кој што е претседател на Бугарија и кој што немаше минимум пристојност и минимум цивилизациско однесување да стави македонско знаме при посетата на македонскиот претседател“, стоеше во рекацијата на Николоски.

Инаку изјавата на Николоски е втора која за помалку од еден месец предизвикува гнев во Бугарија. Тој на крајот од август ги нарече членовите на техничката влада во Бугарија, маргиналци на политичката сцена, без легитимитет.

Инаку, на социјалните мрежи од вчера се врти видеото на кое Борисов го прашува Мицкоски дали го  подджува Договорот за добрососедство и соработка со Бугарија, на што тој делумно и на бугарски одговара дека „почитува се што е во интерес на двете држави“.