Ни Меркел, ни Помпео не веруваат во солзите на Мицкоски


Христијан Мицкоски е изолиран и осамен во претседателскиот кабинет на ВМРО-ДПМНЕ. Никој повеќе не верува на неговата глума, лажните солзи и празните и апсурдни тези.
Државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Мајк Помпео, вчера на Зоран Заев му го честиташе формирањето на новиот владин кабинет. Ден претходно и германската канцеларка Ангела Меркел му го честиташе реизборот на Зоран Заев како премиер и побара спроведување на реформите. Се редат честитки од сите меѓународни партнери и пријатели на Македонија, а сѐ уште актуелниот претседател Мицкоски се крие во својот кабинет и промовира политики со кои го оддалечува ВМРО-ДПМНЕ од стратешките определби.
Само за да ја одбегне сопствената одговорност за поразот, Мицкоски тврди дека тој победил на изборите и индиректно ги обвинува и Помпео и Меркел дека се неинформирани и дека поддржуваат влада формирана на нелегален начин.
Со ваквото делување Мицкоски прави директна и долгорочна штета на партијата.
Со негативните коментари кои по ходниците на партијата се шират за нашите стратешки партнери ѝ се нанесува штета и на државата.
Мицкоски мора да се соочи со сопствената одговорност за поразот, а не да не доведува во конфликт со нашите стратешки партнери. Вистинскиот пат за да биде поразен СДСМ не е преку конфликт со САД и Германија.
Вистинскиот пат за да биде поразен СДСМ е преку оставка на Мицкоски, вонреден конгрес и избор на ново раководство, порачаа од Иницијативниот одбор за свикување конгрес на ВМРО-ДПМНЕ.