Незаменливите токени се повеќе го привлекуваат вниманието на инвеститорите


Ако се прашувате што има заедничко аукциската куќа Кристи со платформата Твитер, одговорот е едноставен – и двете тргуваат со таканаречените незаменливи NFT токени, кои стануваат сè поважни ресурси на пазарот.

NFT, или незаменливи токени, се средства што може да се купат или продаваат како и секој друг вид средства, но не можат да се заменат. Тие можат да бидат во форма на дигитална уметност, видеа или во форма на музика. Најлесен начин да се разбере што се NFT е да се гледаат како потврда за сопственост на виртуелно или физичко средство.

Оваа година незаменливите токени почнаа да го привлекуваат вниманието на многу инвеститори. Според сајтот NonFungible.com, месечната продажба на NFT достигна ниво од 59,2 милиони долари, а вкупниот промет достигна бројка од 2,6 милијарди долари.
Во март, Кристи продаде NFT на дигитален уметник по име Beeple за 69 милиони долари, поставувајќи светски рекорд, а потоа основачот на Twitter Џек Дорси го промовираше првиот твит на NFT, а твитот достигнаа 2,5 милиони долари, пренесува Capital.com.

Има се повеќе компании кои својот бизнис го засноваат на NFT, а Доријан Банкс, извршен директор на House of Kibaa NFT Group, изјави дека организацијата што ја води наскоро ќе биде котирана на берзата.

Сепак, House of Kibaa не иницираше постапка на финансирање за излегување на берзата, туку избра директна котација. Според Банкс, организацијата, чиј примарен бизнис е фокусиран на тргување со NFT, успеала да собере 2,5 милиони долари минатиот месец од пријателите, семејството и некои инвеститори, што комбинирано со продажбата на NFT во вредност од 6,2 милиони долари значи дека на оваа компанија не ѝ треба дополнително финансирање, пренесува Бизнис.рс. 

Бенкс истакна дека постои можност да започне постапка на финансирање следната година. Според него, приходот на групацијата House of Kibaa од почетокот на годината е 7 милиони долари, а очекува таа сума да биде надмината следната година.