(Видео) Невреме со силен дожд, ветар и град го зафати Скопје – улиците пливаат во вода


Силно невреме со дожд, ветар и град, попладнево го зафати главниот град, а улиците се поплавени со вода. 

Автомобилите се движат споро, а небото е затворено од сите страни. Се смрачи, сред ден. 

 

Најавата за локални невремиња имаше од УХМР, а прогнозата вели дека одредени делови ќе бидат под интензивни дождови, град, електрични празнења. Попладнево слично невреме имаше и во Светиниколско, Кичево, Велес, Штип, Полошкиот регион, Демир Хисар и други места низ Македонија.