Невработеноста во САД во јуни се зголеми на 4,1 отсто, отворени се 206.000 нови работни места


Стапката на невработеност во САД благо се зголеми од четири отсто во мај на 4,1 отсто во јуни, додека во спомнатиот месец се отворени 206.000 нови работни места, соопшти денеска Американското биро за статистика на трудот.

Резултатите ги надминаа очекувањата на аналитичарите кои предвидуваа дека во јуни ќе бидат отворени 190.000 нови работни места во САД.

Најмногу нови работни места се отворени во јавниот сектор 70.000, здравството 49.000, социјалните служби 34.000 и градежништвото 27.000.