Неверојатни сцени на фудбалското дерби – властите влегоа на теренот и го прекинаа натпреварот Бразил – Аргентина, бркаа тројца играчи


Неверојатни сцени доаѓааат од Бразил од големото фудбалско дерби – по само девет минути игра, претставниците на бразилските власти го прекинаа големото дерби помеѓу Бразил и Аргентина, кое се одигра на стадионот во Ресифе, Бразил.

Имено, претставниците на властите упаднаа на теренот и го прекинаа натпреварот за да натераат тројца репрезентативци на Аргентина да го напуштат фудбалскиот терен. Тоа се Кристијано Ромер, Џовани Ло Селс и Емилијано Мартинез.
Бразилските фудбалери останаа на теренот чекајќи го исходот од оваа ситуација, а Лионел Меси излезе од соблекувалната на Аргентина за да им објасни што се случува.

Но, се чини дека ова е само продолжение на драмата од попладнето кога изби скандалот бидејќи на четворица Аргентинци им беше забрането да играат поради фалсификување на протоколот за КОВИД.

Тоа се Емилијано Мартинез, Емилијано Буендија, Џовани Ло Селсо и Кристијан Ромеро кои играат во Премиер лигата, а на бразилските власти им рекле дека не биле во Англија последните две недели.

Кога Министерството за здравство и полицијата дознаа за тоа, тие сакаа да ги депортираат споменатите четворица од Бразил, но пристигнаа во хотелот предоцна, а играчите веќе беа заминати за стадионот.

Во исто време, бразилските власти беа подготвени да им дадат дозвола на аргентинските фудбалери да играат на натпреварот, но Министерството за здравство не сакаше ниту да слушне за тоа.

Беа упорни, се упатија кон стадионот, но заглавија во голем сообраќаен метеж, поради што доцнеа на почетокот на натпреварот. Пристигнувајќи на стадионот, тие разговараа со претставници на CONEMBOL и Фудбалскиот сојуз на Бразил кои ги уверија дека натпреварот може да продолжи, како и со претставници на Фудбалскиот сојуз на Аргентина.

Но, претставниците на Министерството не сакаа да се согласат на тоа, истрчаа на теренот и ја прекинаа играта во деветтата минута од натпреварот.

CONEMBOL објави на својот профил на Твитер дека натпреварот е прекинат. Главниот судија на натпреварот и делегатот ќе поднесат извештај до Дисциплинската комисија на ФИФА, која ќе одлучи за понатамошните чекори.

Лионел Меси, кој разговараше со претставници на Министерството, не беше помалку шокиран.

„Тука сме веќе три дена, па зошто чекавте да започне натпреварот, велејќи дека не можеме да играме?“, ги праша Меси, сугерирајќи дека бразилската влада само ја одложувала одлуката.

После тоа, Меси само кратко рече „Па, целиот свет не гледа“, очигледно разочаран од целата ситуација, пренесува Мундо Депортиво.