Неверојатна глетка, сè е бело; Силно невреме ги погоди Верона и Виченца (фото)


Силно невреме придружено со град ги погоди во четвртокот нешто по 12 часот покраините Виченца и Верона во Италија.

Поради силното невреме, сообраќајот се одвиваше отежнато, а коловозите побеле од количеството град што за кратко време падна.

За среќа, невремето не предизвика големи штети, но предизвика голема загриженост кај возачите.

На социјалните мрежи почнаа да кружат фотографии од невремето. Тие покажуваат дека патот е целосно покриен со мраз.

Освен во Верона и Виченца, град падна и во Монтекио, Ордијано и Брендола.

Експертите советуваат внимателност до сите возачи.