Нето платата во јуни реално е помала за 1,5 проценти во однос на мај


Фото: Б. Грданоски

Просечаната нето плата во јуни годинава е за 1,5 проценти помала во однос на мај годинава, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Нето платата исплатена во јуни е помала и во номинален износ во однос на мај, за 0,7 проценти.

Се топи и реалната вредност на платите во однос на минатата година. Така, во јуни годинава во однос на истиот месец лани просечната нето плата реално е повисока за 3,8 проценти, покажуваат податоците на ДЗС.

(Табела: ДЗС)

Инаку, според денешното соопштение, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јуни годинава изнесува 45.468 денари и номинално е повисока за 8,4 проценти во однос на истиот месец лани, но, кога од номиналниот пораст ќе се одземе и стапката на инфлација се доаѓа до реалниот раст на платите.

Зголемувањето се должи, пред сѐ, на порастот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Образование за 14,7 проценти, Дејности на здравствена  и социјална заштита за 12,7  проценти и Рударство и вадење камен за 12,2 проценти.

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување за 7,5 проценти, Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 4,3 проценти и Транспорт и складирање за 2,1 отсто.

Во јуни годинава просечната месечна исплатена бруто-плата изнесува 68.340 денари.