„Нетфликс“ овозможи отстранување на несаканите уреди од корисничките профили


Стриминг платформата „Нетфликс“ им овозможи на своите корисници да ги отстранат несаканите поврзани уреди од нивните профили.

Новата опција моментално е достапна главно на iOS и Android уредите, а корисниците сега преку своите профили можат да видат кои уреди користат „Нетфликс“ и да видат дали има неправилности. Доколку сакаат, корисниците можат да отстранат одреден уред со едноставно избирање на опцијата „Sign Out“.

Опцијата се наоѓа во менито Account Settings, т.е. во секциите Security & Privacy и Manage acces and devices.