Нетанјаху: Хамас досега ослободи 196 заложници, 24 заложници се уште се живи

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе го зголеми притисокот врз палестинската милитантна група Хамас да ги ослободи сите преостанати заложници и да ги врати телата на починатите заложници.
Нетанјаху рече дека досега се ослободени 196 заложници, од кои 147 живи, а се верува дека уште 24 се живи во Појасот Газа, додека за 35 заложници е потврдено дека се мртви.
Нетанјаху синоќа потврди дека Израел ќе продолжи со воените операции во Појасот Газа се додека Хамас не биде уништен.