„Нестле“ продава дел од своите акции во „Лореал“ за 8,9 милијарди евра


Швајцарскиот прехранбен гигант „Нестле“ ќе продаде дел од своите акции во козметичката компанија „Лореал“ за 8,9 милијарди евра.
Како резултат на тоа, уделот на „Нестле“ во сопственоста на познатиот бренд ќе падне на околу 20 проценти.

Ова е прв пат во последните седум години „Нестле“ да одлучи да го намали својот удел во францускиот козметички гигант.

Акциите на „Нестле“ ќе ги купува директно „Лореал“, по цена од 400 евра по акција, а трансакцијата се очекува да биде завршена во наредните денови, пишува Ројтерс.

После тоа, уделот на швајцарскиот гигант во „Лореал“ од 23,3 отсто ќе падне на 20,1 отсто, додека француската компанија ќе купи четири отсто од своите акции и ќе ги поништи најдоцна до 29 август.