Несреќа во Илинден: Деца запалиле цистерна, загинало девојче


Несреќа се случила вечерва во населбата Илинден во Скопје. Малолетно девојче загина во пожар на цистерна во складиште на „Макпетрол“.

Според информациите од МВР, малолетни лица запалиле цистерна кај железничката станица во складиштето на Макпетрол. Децата, рекле дека на цистерната има малолетно женско лице и истото починало, јавија повеќе медиуми.

Случајот го пријавил С.К. кај кого дома биле малолетните лица што го предизвикале пожарот.

„ Двете малолетни деца се кај него дома и по обавениот разговор со децата посочено е дека на цистерната најверојатно има малолетно женско лице и истото е починато. На лице место упатени полициски службеници за расчистување на случајот. Oва е првична информација спoред тоа како е пријавено. Повеќе детали ќе имаме подоцна“, соопшти МВР.

На лице место упатени полициски службеници за расчистување на случајот.